Првиот ресторан на Мекдоналдс во Русија бил отворен пред 32 години, а овој стар прилог на „CBC“ сведочи дека Русите биле со поделени ставови околу пристигнувањето на најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот.
Штом основачот на канадската франшиза, Џорџ Кохон ја пресекол големата црвена лента, гостите веднаш се упатиле кон касата каде ги нарачале популарните оброци на овој американски ресторан за брза храна.
Пред камерите на „CBC“, повозрасен господин искоментирал дека воопшто не му се допаднала храната и дека „воопшто не е руска“.
Една московјанка споделила дека не знае што јаде, но дека е невообичаено и дека е вкусно.
На почетокот било најавено дека ресторанот ќе служи 15 000 оброци дневно. Но, излегло дека оброците на Мекдоналдс не се евтина храна за Русите – просечното мени чинело дури половина од просечната дневница.