Една демонстрантка го прекина преносот во живо на руската државна телевизија мавтајќи со плакат на кој пишуваше „Не на војната, прекинете ја војната“, пишува Би-Би-Си.
На снимките кои се шират во Русија, особено преку апликацијата Телеграм, жената влегува во кадарот зад водителката во информативната програма „Време“ на Првиот канал.
„Не верувајте во пропагандата, ве лажат, Русите се против војната“, пишува на нејзиниот знак.
Демонстрантот, чие име не е наведено, наводно е вработена во телевизијата.