Аранжманот на оваа легендарна песна е визија на виртуозниот Никола Мицевски, кој во соработка со оригиналната Дани Димитровска, продолжуваат со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук. „Дејгиди, луди млади години“ ја слушаме изведена во живо преку видео записот кој е достапен на јутјуб каналот на Дани.
„Etno&Jazz“ проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното;
Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Николче Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво, а во планираниот албум гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар.