Гаро Тавитјан ја објави песната „Nadja’s Life“, соработка со неколку реномирани музичари

Гаро Тавитјан ја сподели својата нова песна, на која е автор, аранжер, клавијатурист, продуцент и тапанар.  Се работи за соработка со култниот светски гитарист и драг пријател на Гаро, Mike Stern кој преставува еден од најдобрите и најзначајните гитаристи во светот со моќна солистичка кариера прогласен за гитарист на годината во Америка како и во куќа на славните а сам по себе претставува цел стил во Џез и фјужн музиката. Свирејки во 80-тите со гигантот Miles Davis , Џако Пасториус, Били Кобам па се до Степс Ахед итн, тој е еден од најзначајните мајстори на светската музика. Светската компанија „Јамаха“ произведува персонализиран модел на гитара со потпис Мајк Стерн за целиот свет (signature model). На Бас гостува легендарниот Fernando Saunders – басистот (продуцент/вокалист) на Лу Рид, Павароти, Ерик Клептон, Слеш, Јан Хамер, Џеф Бек, Кип Харахан и мн други. Прекрасниот џез вокалист Clivia Tanisi која соработува со Дејв Векл, Џон Патитучи, Том Кенеди, како и Диран Тавитјан , еден од најврвните клавиристи во џез и фјужн музиката во светот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s