Младиот пејач Давид Темелков го промовираше новиот сингл „Штом бидеш без мене“ – љубовна балада за борбата меѓу срцето и разумот.
Сценариото и режијата на спотот за баладата “Штом бидеш без мене“ Давид ги направи самиот. Со тоа ја продолжува практиката што ја отвори и со претходниот сингл „Прстот на судбината“, каде што, исто така ги потпиша сценариото и режијата за видео-спотот.