Пејачот Огнен Здравковски ја објави својата нова песна на српски јазик, насловена „Душа“. За новото музичко остварување на Огнен се заслужни Саша Николиќ, чие дело се музиката и аранжманот, текстот е на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која српскиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Песна за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ. Како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.
Покрај Огнен, во спотот се појавува и српската манекенка Невена Гичевиќ. Спотот е снимен на повеќе локации во Белград, меѓу кои и во ресторанот на музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ.