Пејачката Александра Јанева ја промовираше својата нова песна „Глумиме“, за која вели дека ја напишала во еден здив. Имено таа била испровоцирана од обожавател, кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака. Пејачката сега заедно со композиторот Лазар Цветкоски создадоа музичко дело инспирирано од овој неубав настан.
Јанева вели дека со стиховите од рефренот „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“ се појавила пред студиото на Лазар Цветкоски и двајцата песната ја создале за кратко време. Таа и за оваа песна соработува со режисерот Ѓорѓи Вацев, а покрај неа, во спотот се појавува и моделот Илија Андов. За нивниот стајлинг повторно се погрижи стилистката Милена Танаскоска, со која соработката трае веќе неколку години.