Во големата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана преработката на песната “Ако одам во Битола“ на авторот Петар Георгиевски – Калица, која за многумина е најубавата битолска песна во поновата музичка историја.
Музичката преработка на оваа песна ја направи Благојче Трајковски, ја отпеа Димитар Андоновски, сето тоа е напополнето со звуците на харфата на Сара Мејс, заедно со групата “Фонтана“ од Битола и Камерниот оркестар на Битола.
Песната е напишата во 1989 година, а да се преработи оваа песна е тешка работа. Но, кога ќе се соберат на едно место професионалци, како што се Благојче Трајковски, Димитар Андоновски, Сара Мејс, група “Фонтана“ и Камерниот оркестар, тое не само што е возможно туку е и одлично направено.