Во преполната сала на киното „Милениум“ во Скопје се одржа премиерата на видеозаписот за песната „Кога падна на Пирина“, последна од бројните обработки на македонски народни бисери на дуото „Некст тајм“.
Како и на претходните обработки, браќата Мартин и Стефан Филиповски соработуваа со врвни професионалци. Како што велат на снимањето на песната „Кога падна на Пирина“ и на видеозаписот работеле долго време, а воедно, ова е нивна посвета на славниот македонски револуционер, кој беше убиен на 22 април 1915 година на Пирин Планина, Бугарија, во близина на Рожденскиот манастир.