Претседателот на Собранието Талат Џафери попладнево се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски.
„И покрај тоа што сум војник, и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот. Онемен и бесен. Бесен на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за која што верувавме дека е дел од историјата. Растревожен сум од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, а видов само дел во Буча и Ирипин. Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија“, рече Џафери пред Зеленски.
Претходно Џафери беше во посета на Буча и Ирпин.