Ковачевски: Браната „Конско“ е еден од најголемите инфраструктурни проекти во гевгелискиот регион во изминативе 50 години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посетија новата браната „Конско“, којашто е во фаза на изградба.
Оваа вештачка акумулација е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“ и нејзиното пуштање во употреба ќе значи навремено обезбедување на вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини.

Браната „Конско“ е еден од најголемите инфраструктурни проекти во гевгелискиот регион каков што немало во изминативе 50 години.

Клучната функција на браната „Конско“ како дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“ е навремено обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини.

Со тоа создаваме услови за развој на конкурентно земјоделство, зголемување на производството на храна и на регионалниот економски развој и обезбедуваме наводнување на нови 4.000 хектари земјоделско земјиште.

🌊Со инвестиција вредна 40 милиони евра браната Конско е најголемиот капитален водостопански објект во последните 50 години финансиран од #МЗШВ, кој е во завршна фаза и очекувам да биде готов во септември годинава.

🔵Преку овој нов систем за наводнување и вештачко езеро, за 5 пати ги зголемуваме наводнуваните земјоделски површини.

🔵Ја обезбедуваме потребната вода за наводнување во текот на цела година за 6.500 хектари нето земјоделска површина во јужниот дел на државата.

🔵Клучен предуслов за квалитетно производство е навременото и редовно наводнување.Овој голем капитален проект го поттикнува развојот на земјоделството, влијае врз развојот на економијата во општина Гевгелија, и унапредувањето на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој регион.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s