„Gangnam style“ го освои светот пред 10-тина години а денес песната има 4 и пол милијарди прегледи на Јутјуб. Psy кој стана светски познат по „Гангам стајл“, сега има нова песна и кореографија кои веројатно ќе станат хит барем судејќи по повеќе од 50 милиони прегледи за 3 дена.
Јужнокорејскиот пејач, рапер, но и музички продуцент Psy се враќа на сцената со новиот албум „PSY 9th“ кој го издаде по долга пауза. Тој содржи 12 песни, на кои работел долго време и посветил многу внимание. Psy кој оваа година ќе наполни 45 години, снимил и неколку спотови пред 2-3 години. Тој албумот го најави со песната „That, That“ која ја сними со корејските суперѕвезди „BTS“.
Новата „зараза“, како што веќе многумина ја нарекуваат е придружена е со едноставна кореографија, која на социјалните мрежи веќе ја повторуваат корисници од целиот свет.