Популарниот српски турбо-фолк пејач Миле Китиќ уште еднаш докажа дека е голема ѕвезда и вистински професионалец. Тој сними дует со младиот и талентиран Менил Велиоски наречен „Дом“.
Менил Велиоски е роден во Лабуништа, Струга во 2001 година а на само четиринаесет години беше дел од натпреварот „Неки нови клинци“ каде ги освои сите симпатии и на публиката и на жирито кое и тогаш тврдеше дека има зрел глас и совршени сценски движења. Иако е роден во земјава, Менил веќе подолг период живее во Нова Горица, Словенија. Тој претходно сними дует и со сега многу популарната Теа Таировиќ.