Денеска на армискиот полигон „Криволак“, беше реализиран Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“, при што беа презентирани воздухопловнo-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, на Велика Британија, на Франција, на Италија, на Црна Гора, на Грција, на Албанија и на Македонија.






На денот за високи гости, меѓу другите, присуствуваа и шефот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, претставници на дипломатскиот кор, генерали во АРСМ, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и на НАТО и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.
Вежбата „Брз одговор 22“ е досега најголема мултинационална вежба во Македонија од ваков вид и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираат воздушни десанти во овој обем.