„Брако“ отвора нови погони, Ковачевски и Битиќи во посета на компанијата

На 13 мај се отворија нови производствени погони во Велес, а на настанот присуствуваат и владини функционери предводени од премиерот Димитар Ковачевски.

„Брако“ инвестира 10 милиони евра во нови еколошки технологии и нови производствени капацитети

Фабриката „Брако“ги промовираше најновите инвестиции вредни 10 милиони евра во новите еколошки линии за производство на поцинкувана жица, кои значат нов концепт и бројни предности, во изградба на фотоволтаична електрана, како и изградба на нов погон за производство на возилата за одржување хигиена од брендот „Грин Машинс“.

Менаџментот на компанијата предводена од извршниот директор и претседател на Управниот одбор, проф. д-р Кочо Анѓушев последните вложувања во проширување и осовременување на производствените капацитети на „Брако“ ги презентираше во присуство на претседателот на Владата, г-динот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, г-динот Фатмир Битиќи, градоначалникот на општина Велес, г-динот Марко Колев, претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-динот Бранко Азески како и други претставници на централната и локалната власт, гости од бизнис секторот и бројни соработници на компанијата.

„Горди сме што голем дел од тие 10 милиони евра се инвестираа во машини, а само 30 отсто во хали. Се купуваше интензивно нова технологија, се купуваше интензивно тоа што е најсовременото во светот, за да се постигне најголема продуктивност. Затоа што продуктивноста има само едно име, а тоа е дека треба да имате технологија и да имате know-how. Кога сме кај технологијата неопходно е да кажам и дека енергетската криза или финансиската како што јас ја нарекувам, се обидовме да ја ублажиме со инсталирање на фотоволтаици на халите во ’Брако’ и ќе продолжиме во тој правец како и со купување на нова технологија. Денеска сме тука заради три поводи. Првиот повод е да ја пуштиме во работа и да ја претставиме најновата линија за поцинкувана жица која што е единствена и прва во Европа, американска технологија произведена во Шпанија и ова е прва инсталација на таа опрема на европско тло. Со ова речиси двојно го зголемивме капацитетот од постојни 400 тона месечно, на 700 тона месечно, а сега додаваме уште шест нови линии и тоа производство ќе биде 1.500 тона месечно поцинкувана жица. Старата хала комплетно ја реновиравме, инсталиравме современи машини за производство на федер жица за душеци. И третата , на која што сум посебно горд, тоа е градба на комплетно нова хала за ’Грин машинс’ каде што ќе се произведуваат најновите модели од возила што е најголема придобивка од целиот овој развоен циклус. Двојно ќе се зголеми капацитетот на производство на возила и таму ќе се произведуваат новите модели кои што се развиваат од цртеж до готов производ во рамките на оваа фабрика“, истакна проф. д-р Кочо Анѓушев.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s