По минатогодишната победа на италијанската рок-група „Монескин“, вчера Италија приреди спектакуларна финална вечер како земја-домаќин на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.
Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија.

Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји.
Kalush Orchestra – Stefania – LIVE – Ukraine 🇺🇦 – Grand Final – Eurovision 2022