Бујар Османи ќе ја предводи македонската делегација на стратешкиот дијалог со САД

Министерот за надворешни Бујар Османи ќе ја предводи македонската делегација во Вашингтон на 2 јуни на стратешкиот дијалог со САД, одлучила Владата.

Дел од делегацијата ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Стратешкиот дијалог претставува подигнување на односите на повисоко ниво со Сад и е од особено значајно во контекст на актуелните безбедносни закани. Во рамките на дијалогот ќе бидат опфатени теми од билатералните односи за соработка во економијата, трговијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото, како и безбедносните сегменти од соработката, од миграција, борба против тероризам, па се до справување со организираниот и меѓународен криминал. – соопштија од Владата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s