Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата на Република Северна Македонија која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска положи венец со цвеќе пред спомен плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата Санта Марија Маџоре, информираат од владината прес-служба.
„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј, создавачите на словенската писменост. Од благодарниот македонски народ“,
гласи текстот во чест на Свети Кирил и Методиј, што на македонски јазик, заедно со италијанскиот, е испишан на спомен плочата поставена во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.