Сениорската репрезентација на Македонија во јуни ја очекуваат дури четири натпревари во Лигата на нациите. Поради тоа, селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за овие средби.
Меѓу повиканите има три дебитанти, Бојан Димоски од Академија Пандев, Енис Фазлагиќ од Висла Краков и Томче Гроздановски од Злате Моравце. Покрај нив, има и повратници во составот како Зајков и голманот Илиев, а недостигаат Аријан Адеми и Адис Јаховиќ.
Голмани:
Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано), Дамјан Шишковски (Докса), Кристијан Наумовски (Шкупи), Дени Илиев (Тренчин)
Одбрана:
Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Дарко Велковски (Ријека), Висар Муслиу (Инголштад), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол), Езѓан Алиоски (Ал Ахли), Тодор Тодоровски (Серед), Стефан Ашковски (Сепси), Никола Серафимов (Залаегерсег), Ѓоко Зајков (Славија Софија), Бојан Димоски (Академија Пандев)
Среден ред:
Ељиф Елмас (Наполи), Енис Барди (Леванте), Стефан Спировски (МТК), Енис Фазлагиќ (Висла Краков), Томче Гроздановски (Злате Моравце), Ердал Ракип (Малме), Бобан Николов (Шериф Тираспол), Давид Бабунски (Дебрецен)
Напад:
Милан Ристовски (Спартак Трнава), Бојан Миовски (МТК), Дарко Чуринов (Шалке 04), Александар Трајковски (Ал Фејха), Ваљон Етеми (Истанбулспор), Дориан Бабунски (Дебрецен)
Македонија прво гостува кај Бугарија во Разград на втори јуни, а потоа патува во Гибралтар за вториот натпревар три дена подоцна. Следните два натпревари се домашни средби со Грузија и Гибралтар на деветти и 12 јуни, со што ќе се комплетираат четири кола од Лигата на нациите.