На заедничката литургија денеска во Соборниот храм во Скопје со која чиноначалствуваа поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј беше соопштена радосната вест.
– Ви носиме уште една радост. Светиот Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Српската православна црква (СПЦ) ја призна автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), објави поглаварот на СПЦ, Порфириј.
Одлуката за признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква ОА ја поздрави државниот врв во двете земји бидејќи со неа се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
Погледнете го моментот на прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА кој го посведочија и стотици граѓани кои денеска присуствуваат на Божествената литургија во Соборниот храм како и оние кои честувањето на големиот христијански празник Св. Кирил и Методиј го преследија пред малите екрани од директниот пренос на телевизија.