Фудбалерите на Рома се првите освојувачи на Лигата на конференции, вечерва во Тирана (Албанија) славеа против Феенорд со 1:0.
Тоа е првиот европски трофеј за Рома уште од 1961 година кога го освои Купот на саемски градови. Во меѓувреме беше финалист во 1984 година кога загуби во Купот на шампионите, и во 1991 година во Купот на УЕФА.
Римската „волчица“ триумфираше против Холанѓаните со голот на Никола Заниоло во 32 минута, и на тој начин тренерот на италијанскиот клуб Жозе Мурињо стана првиот кој успеал да ги обедини сите трофеи во УЕФА меѓународните натпреварувања.
За Жозе Мурињо ова е петто добиено финале од исто толку одиграни. Португалецот успеа да ги освои Лигата на шампионите, Купот на УЕФА/Лига Европа и Лигата на конференции.
ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА КОНФЕРЕНЦИИ 2021/22: Рома – Феенорд 1:0 / 25.05.2022 | HIGHLIGHTS