Вицепремиерот Артан Груби испрати остри тонови кон Софија на денешниот Финансиски форум во Скопје
„Ако аплицирате за членство во Европската Унија, прво мора да ги исполните Копенхашките критериуми, но не важи тоа и за мојата земја, моравме да го смениме уставното име и тоа не беше доволно. – изјави Артан Груби .
„Сега се бара преку методи од 18. и 19. век да станеме нешто друго од тоа што сме, или да признаеме дека зборуваме странски јазик од тој кој што навистина го зборуваме, за да заслужиме милост за членство затоа што лутаме во Бриселскиот лавиринт веќе 14 години. “