Судот ја изрече пресудата за случајот Талир 2: Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доби затворска казна од шест години, а поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, двегодишна условна казна.
Да се конфискува Белата палата на ВМРО – ДПМНЕ вредна 7 милиони евра, како и уште дваесетина партиски штабови низ државата, одлучи скопскиот кривичен суд, откако ги поништи како незаконски сите договори што партијата ги направила со градежната фирма ДГ Бетон АД Скопје..