Претседателката на Владата на Република Финска Сана Марин пристигна во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.


Премиерката Марин во Владата на Република Северна Македонија ја пречека премиерот Ковачевски, кој со претседателката на Владата на Република Финска, согласно агендата, имаа тет-а-тет средба.

Премиерот Ковачевски и премиерката Марин потоа им се придружија на делегациите на двете Влади на билатерална средба на која од наша страна присуствуваше Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Премиерите Ковачевски и Марин работниот дел од средбата го завршија со заедничка прес-конференција.
