Германската компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на ТИРЗ

Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата над илјада евра. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, а сериското производство треба да започне во 2024 година

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ).

Во новата фабрика на фармацевтскиот гигант „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и сл. Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, додека сериското производство треба да започне во 2024 година.

„Гересхајмер“ во ТИРЗ 2  веќе го реализира првиот проект за производство на технолошки продукти за фармацевтската индустрија. Првичната инвестиција од 25 милиони е веќе зголемена на над 60 милиони евра.

Со успешната реализација на двата проекти на „Гересхајмер“, Северна Македонија ќе прерасне во една од најатрактивните инвестициски дестинации на компанијата за сите идни планови за проширување на активностите во Европа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s