Премиерот Ковачевски “Денешниот ден е историски за нас. Долгоочекуван. Заслужен.
Патот до Брисел беше долг. Северна Македонија цивилизациски, географски и историски припаѓа во европското семејство.
Горд сум што македонскиот јазик ќе биде јазик на кој ќе се води процесот на преговорите за пристапување, вклучувајќи го и самото склучување на Договорот за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. Со нетрпение го чекаме денот кога со полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ еднаков со сите останати 24 официјални јазици на Европската Унија.”