Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по состанокот на ИК, информираше дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија.
Во наредната недела партијата ќе собере 100 квалификувани потписи за референдум, што ќе се достави до Собранието.
-После тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Прашањето ќе биде „Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“ ВМРО-ДПМНЕ ќе повика за гласање за поништување на овој Договор. Ова ќе биде одговор на народот, рече Мицкоски во обраќање пред седиштето на партијата.