Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати, во близина на Кочани.
Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата.
Групацијата Централ Инвест во сопственост на Кочо Анѓушев изгради нова сончева електрана во близина на Кочани, со што се зголемува домашното производство на поевтина струја.
ФЕЦ Тркање ќе им овозможи на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што и приватниот енергетски сектор помага во надминување на кризата.
Централ Инвест и Феро Инвест произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.