Премиерот се огласи на Фејсбук – Денес започнува со работа новата, најголема досега, 17MW фотоволтаична електрана. Со оваа инвестиција правиме чекор напред кон иднината, кон енергетската независност, кон зајакнувањето на зелената економија и подобрувањето на животниот стандард.



Денеска кога целиот свет е исправен пред енергетска криза, обезбедуваме чиста енергија, добиена од нашето македонско сонце, која ќе снабдува над 5.500 македонски домаќинства.
Поставуваме курс за тоа како треба да изгледа државата во иднина кога зборуваме за производство на енергија и зелена индустрија и економија која се стремиме да ја креираме.
Северна Македонија е партнер од доверба, денес сме дестинација која инвеститорите ја преферираат затоа што тука препознаваат партнер, најдобра поддршка и услуга. Како одговорна Влада, се бориме за секој денар нова странска инвестиција во државата – чекор по чекор, инвестиција по инвестиција.
Честитки до групациијата ГЕН-И, посакувам успешна работа и уште многу зелени инвестиции.