Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) како и со Калифа ал Кубаси, заменик-генерален директор, како и останати претставници на раководството на фондот.
Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) е владинo тело, меѓународен инвеститор со инвестиции кои се проценуваат во повеќе милијарди долари. Постои голем потенцијал за развој на соработката меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава.