Честитка од Ковачевски до новиот претседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) Стефан Левен

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во свое име и во името на партијата упати честитки до новоизбраниот претседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Стефан Левен.

-Во името на сите граѓани, Ви благодарам за досегашната силна поддршка на мојата земја, која очекувам да продолжи и во иднина. Исклучително го цениме вашиот досегашен придонес за евро-атланските интеграции и задржување на курсот на проширување на Унијата, како основни, темелни вредности. После 17 години ги започнавме преговорите со ЕУ, во тек е скрининг процесот и очекувам оваа одлична заедничка соработка во рамки на ПЕС да продолжи и во иднина. Заедништвото, еднаквоста, солидарноста и јакнењето на социјалдемократијата во Европа се дел од нашите заеднички цели зад кои стоиме, стои во честитката на Ковачевски.

Претседателот Ковачевски, како што соопшти СДСМ, му се заблагодари на досегашното раководство на ПЕС за работата.

Левен, се вели во соопштението, е докажан пријател и партнер на СДСМ и државата, кој како премиер на Шведска во изминатите години даваше силна поддршка на реформите и евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Нагласуваат дека СДСМ како дел од Партијата на европските социјалисти продолжува да гради партнерски односи со сестринските партии и активно да учествува во процесите на унапредување и промоција на социјалдемократските вредности.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s