Нова 30 милионска инвестиција во ТИРЗ. Денеска во Бунарџик се отвори фабриката „ЈФА аутомотив“ каде ќе се произведуваат инфлаторни воздушни перничиња за европскиот пазар.
Новата фабрика е американско-кинеска инвестиција на компаниите Јан фенг и АРЦ. Од таму велат дека она што ќе се произведува во оваа фабрика ќе ги штити луѓето од несреќи и повреди.
Работевме навистина напорно за да го направиме овој чекор за отворање на капацитетите и сум сигурен дека во перспектива, Македонија ќе биде една успешните бизнис соработки. -Мајк Хејг – ЈФА Аутомотив.