Денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија е потпишан т.н. „Договор за Фронтекс“, првиот ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија на македонски јазик, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Договорот го потпишаа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.
Станува збор за договор помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.


Овој Договор има оперативно и политичко значење и за Северна Македонија и за Европската Унија.