Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски дизајнираше патики кои беа претставени во најпопуларната американска емисија за кошарка „Inside the NBA“.
Грабулоски создаде пар уникатни патики посветени на водителот Ерни Џонсон и кошаркарските легенди Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит, кои заедно ја водат емисијата.
„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабулоски. Неговата компанија ‘SWithADot’ е единственото студио во светот што изработува уникатни обувки, а меѓу нив се и овие за филмот ‘Спејс џем’ со Леброн и Кристијано Роналдо. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени ‘Работите во НБА’“, рече Џонсон.
Патиките, кои се со потпис на успешниот македонски дизајнер, ќе бидат изложени во студиото во текот на целата сезона.
„Сатја, фала ти за подарокот. Сакате ли да погодите колку часа му требале да ги направи патиките? 155 часа. Овие луѓе се многу талентирани. Патиките ќе стојат на почесно место во нашето студио“, рече водителот.