Инвестиции кои обезбедуваат енергетска независност се приоритет. Компанијата Алпин Ком која денес ја посетив е одличен пример за реализација на визијата за енергетска трансформација, и тоа во услови на криза.
Алпин Ком е домашна компанија која пред сѐ прерасна во една од најголемите фирми во дрвопреработувачката индустрија во регионот, но брзо се развива и веќе го проширува бизнисот. Нивната нова инвестиција е фотоволтаична централа, на површина од 35 декари, со моќност од 1,8 мегавати, за продажба на електрична енергија.
За да го олесниме пристапот до обновливи извори на енергија, ги поедноставиме процедурите за инсталирање фотоволтаици и за граѓаните и за компаниите. Овозможуваме енергетска транзиција, тоа е нашиот влог во иднината.