На што туку завршениот “Макфест”, едни од учесниците кои се појавија на фестивалската сцена беа и младите Пајак и Лара кои заедно ја промовираа својата најнова песна која веруваме дека идниот период ќе биде голем хит. “Bella” е насловот на песната за која што се погрижија Христијан Настески – Пајак кој ја подготви музиката и текстот, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот го подготви Иван Јованов – Iwayo. Интересно е што за оваа песна уште пред стартот на фестивалот од страна на Урбан Рекордс беше снимен видео спот кој беше промовиран на нивниот YouTube канал. Во продолжение погледнете за што станува збор:
1 Comment