Добредојде за новата амбасадорка на САД Анџела Прајс Агелер. Нашето стратешко партнерство продолжува да се развива, ние сме НАТО сојузници, а САД се наш голем пријател и партнер.
Поддршката за евроинтеграциските процеси која ја добиваме од САД е од огромно значење и јас сум уверен дека истата ќе продолжи и ќе се интензивира.
На нашата средба ја информирав амбасадорката за сите важни прашања врзани со справувањето со економската и енергетската криза, како и за можностите кои стојат пред нас на нашиот европски пат. Граѓаните заслужуваат подобар живот и побогата и подобра иднина, а поддршката од САД е исклучително важна во овој процес.
Ѝ посакувам успешен мандат на амбасадорката Агелер.