Американскиот актер и режисер Шон Пен му ја позајми својата статуетка Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој повторно дојде во Киев и се сретна со Зеленски, а за време на средбата од ранецот , спакуван во специјална заштитна хартија, го извади својот Оскар и му кажа „ова е за тебе“. Зеленски изненаден од чинот отпрво одби да го земе, на што Пен му одговори „те молам, ова е само симболична и смешна работа. Кога ќе победиш, врати го во Малибу“, рече двократниот добитник на оваа најпрестижна филмска награда.
Зеленски на Пен, кој снима документарен филм во Украина, му додели Орден за заслуги за зајакнување на односите, поддршка на територијалниот интегритет на Украина и помагање за популаризација на земјата.