Официјалниот трејлер за „Кајмак“. Новиот филм на Милчо Манчевски Од 17-ти ноември во кината низ цела Македонија

Премиерата на „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски ќе се случи во среда, 16 ноември, во Македонската филхармонија.

Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ ќе почне истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја и тоа во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од 17 ноември филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна. Весникот „Џапан тудеј“ (Japan Today) го нарече филмот „мрсна сатира“. Манчевски беше во центарот на збиднувањата во Токио, каде одржа и мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката.

Веднаш потоа „Кајмак“ отпатува во Тајван, каде се прикажа на Филмскиот фестивaл „Златен коњ“ („Golden Horse“) во Тајпеј. По двете преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер, следеа сесии разговори со публиката која ја пофали приказната, велејќи дека постојано изненадува.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s