(КАТАР 2022)ПУКНА СЕНЗАЦИЈА: Аргентина на Меси поразена од Саудиска Арабија! (ВИДЕО)

Саудиска Арабија приреди сензација на стартот од Светското првенство и ја победи Аргентина (1-2) во првото коло од групата Ц. Аутсајдерот беше во негатива, но успеа да запише големи три бода со два гола во вториот дел од натпреварот.

Аргентинците имаа целосна контрола врз мечот во првиот дел. Еден сомнителен момент при прекин донесе пенал за „гаучосите“. Лионел Меси го отвори Мундијалот со погодок од белата точка и донесе предност за својата репрезентација. Следуваа уште неколку добри шанси за јужноамериканскиот тим. Двапати мрежата на противникот ја тресеше Лаутаро Мартинез, но во двата наврати беше во недозволена офсајд позиција. На пауза се замина со минимална предност за аргентинскиот состав.

Шокантен расплет на настаните донесе почетокот на второто полувреме. Салех Ал Шехри го матира Емилијано Мартинез и донесе израмнување за Саудиска Арабија по само три минути во продолжението.

Навивачите на Аргентина беа во неверица по вториот гол на ривалот, кој пристигна експресно. Салем Ал Давсари одлично се проби и погоди за 1-2 во корист на аутсајдерот на оваа средба.

Аргентинскиот напад не понуди нешто конкретно во завршницата. Фаворитот запиша пораз, а имаше само една шанса за реми, и тоа преку Таљафико, кој биеше по земја. Не помогнаа ниту замените на Лионел Скалони, кој ќе биде под голем притисок во наредните два меча од групната фаза. Полска и Мексико ќе се соочат во вториот меч од оваа група во 17:00 часот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s