Кристијано Роналдо повеќе не е член на Манчестер Јунајтед, соопшти англискиот клуб.
По контроверзното интервју со Пирс Морган, во кое се сврте против клубот и своите соиграчи, Кристијано Роналдо го напушта Манчестер Јунајтед.
„Манчестер Јунајтед и Кристијано Роналдо се договорија за условите за заеднички раскин на договорот, му посакуваме на играчот успех во понатамошната кариера“, соопштија од клубот од Олд Трафорд.