“Честитки до колегите од Клиниката за Дигестивна хирургија, КАРИЛ и Гастроентерохепатологија за историската прва трансплантација на црн дроб од починат донор. Со овој нов дострел на македонското здравство во транплантациит, се потврдува стручноста и посветеноста на македонските лекари. Се радувам на секој нов успех, секоја трансплантација значи спасување на живот или полесно секојдневие на пациентите”, напиша поранешниот министер за здравство Филипче.