Велешката фабрика БРАКО започна со изградба на нова хала во која ќе се прошири производството на возила за одржување хигиена во урбани средини. Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности.
Халата ќе се протега на површина од 4500м2, ќе се гради во наредните две години и ќе чини над 2,5 милиони евра. Новиот работен простор ќе овозможи проширување и на производството на метални конструкции и елементи, а ќе содржи и административни простории, менза и други модерно опремени простории.