Фотографии со ликот на Тито, придружени со македонски знамиња, но и југословенски, како и песни во кои се опева борбата против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, денес можеше да се види и слушне во караванот од возила што прошетаа низ кочанските улици.
Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“ од Кочани и годинава го прослави Денот на републиката.
Како што пренесуваат и се се сежаваат повозрасните генерации, во времето на Тито, материјалниот статус не бил важен, а луѓето се ценеле според карактерните особини. Не биле ретки приказните за луѓето кои од работници стигнувале до директори на работни организации.
Саботите и неделите биле неработни, а за годишните одмори, главно се одело во работничките одморалишта, а можело да се плаќа и на рати, па ретки биле оние кои не ги посетувале таканаречените работнички одморалишта.
Меѓутоа, ова сега се само сеќавања на едно поминато време. 29-ти Ноември, претставува значаен датум од историјата на поранешната заедничка држава на народите од Балканот. Црвениот југословенски пасош кој не познавал граници е еден до југословенските митови за кои најмногу жалат повозрасните.