Центарот за македонски јазик официјално регистриран во Грција

Центарот за македонски јазик во Грција месецов и официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција.

Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година.

Судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо.

Тие додаваат дека одлуката на судот претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција спроведен во 1920 година, кога македонскиот јазик бил наведен како јазик што го зборува дел од населението во одредени региони.

За постигнување на оваа цел, од Центарот велат дека во наредниот период ќе се насочат кон исполување на своите цели од статутот, кои го предвидуваат следново:

– изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница.

– поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.

– поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s