Најавувавме, информиравме, зборувавме, а јавноста нестрпливо исчекуваше. И конечно, „Клубот“ на Тони Зен ја здогледа светлината на денот.
Имено во „Cineplexx Skopje City Mall“, во присуство на семејството, најблиските пријатели и соработници, се одржа промоцијата на новото музичко парче на Тони Зен, кое наиде на воодушевување кај публиката.
Во време на рецесија и светска криза, факт е дека најдобро поминуваат песните од реалниот живот, „Клубот“ е токму таква, моќна и енергирчна, онаква каква што неговите фанови впрочем и очекуваат од него.
Доколку сè уште не сте ја слушнале песната, сторете го тоа уште денес, на овој линк: