Вклучен вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува со полн капацитет

Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. 

Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел, соопшти АД ЕСМ.

Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април.

Покрај ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните и ветерниот парк.

Се прават подготовки за стартување и на Блок 3 по пристигнувањето на носечката единица од трансформаторот.

АД ЕСМ целосно од сопствено производство ги задоволува потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, како и значаен дел од количините за дополнителни снабдувања по одлуки на Владата.

Помал дел од количините за дополнителни снабдувања преку ЕСМ Продажба се набавуваат, а се однесуваат на последните мерки за снабдувања на училишта, јавни претпријатија и дел од стопанството.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s