


Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски во објава на Фејсбук соопшти дека градот веќе го живее празничното расположение, особено откако блесна во илјада бои.
-Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.
Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината.
Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка. Сегогаш работиме со за Крива Паланка, напиша Митовски.