(Видео) Солар Дата Колектор – Од Македонија до Јужна Африка

Солар Дата Колектор е македонска иновација, софтвер кој го следи животниот век на една фотоволтаична централа – од почеток до крај, од пресметка за местото каде да се постави една центала, до следење на производството на електрична енергија. И за сето тоа користи вештачка интелигенција и машинско учење. Македонскиот „Солар Дата Колектор“ веќе се користи во Европа, но и во егзотични дестинации како Кенија и Јужна Африка, а планот е да се „освојат“ и пазари како Соединетите Американски Држави. Идејата датира од пред неколку години, а денес е бизнис за почит. „Јас и Дамјан Постоловски, сме основачите на стартапот кој од обична идеја се роди на Nasa Space App Skopje vo 2017 година. Тогаш само како идеја која од она што денес е СДК се разликува многу. По завршувањето на натпреварот и патувањето на тимот во Америка, Флорида и посета на Кенеди спејс центарот, каде што имавме средба со Мајкал Лестер – тогаш шеф за технологија при НАСА и собраното дополнително искуство решивме да продолжиме со развивање на СДК, со што го постигнавме она што СДК е денес“, вели иноваторот и ЦЕО на Солар Дата Колектор. Она што следува е повеќе од успешна приказна за еден млад иноватор и стартап претприемач…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s