Марија Шерифовиќ, српската пејачка која се прослави со победата на Евровизија 2007 година, по долга пауза денес ги изненади своите бројни обожававатели од со нова песна и музички спот. Насловот на песната носи необичното име – „Добар ви ден“.
Без разлика што во последниот период зад себе остава низа успешни концерти, Шерифовиќ, покрај бројните деловни обврски, долго и темелно работи и на својот нов албум.
Публиката чекаше нов албум веќе пет години, но иако најави дека ќе биде достапен на есен 2023 на изненадување на многумина, регионалната музичка ѕвезда претпразнично ги почеси своите обожаватели со нова песна напишана од Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.